Во изминатата 2022 година здружението ЕКО РЕСЕТ – центар за праведна транзиција оствари соработка со голем број меѓународни здруженија, институции и универзитети. Како најзначајна би ја издвоиле соработката и големата поддршка од најголемиот универзитет за технички науки во Шведска КТХ Кралскиот институт од Стокхолм Шведска (KTH Royal Institute of Technology).


Начелно е договорена соработк во неколку дејности тесно поврзани со основните цели на здружениото. Остварени се и неколку посети како во Стокхолм така и неколку возвратни посети на Битола и се остварени средби и состаноци на кои е договеран соработка за неколку проекти од областа на енергетста ефикасност и урбаната мобилност.

Исто така значајна е и соработката со здружениоето HAND TILL HAND од Шведска која што со неколку проекти е вклучено во донации и инфраструктурни проекти од областа на заштитата на животната средина и енергетската ефикасност.



