Малечката Нина е вистински пример како од мали нозе треба да се едуцираат најмладите за придобивките од заштедата на енергија, примена на мерките за енергетска ефикасност и здравиот начин на живот.
Нина, преку објавување на десетици и десетици постови и видеа на социјалните мрежи, во кои од свој агол објаснува зошто треба да се придржуваме кон мерките за заштеда на енергија, како да се прават енергетски ефикасни домови, која е улогата на спортувањето, пешачењето, возењето велосипед и сл. на некој начин преставува своевиден пример како треба да се однесуваат децата кон оваа проблематика туку и возрасните.





