Состаноци со Јорго Шацимаркакис во Кожани – Република Грција



Наши цели се преку промоција на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и енергетска транзиција да придонесеме барем малку во делот на успешна транзиција на нашето општество. Иако здружението ЕКО РЕСЕТ, впрочем како и сите останати асоцијации од овој тип не е вклучено во одлучувањето во врска со енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија како и праведна енергетска транзиција, сметаме дека нашиот придонес иако мал, сепак ќе овозможи реализирање на целите кои ги имаме поставено и ние како невладина асоцијација, и нашето општество.

Сметаме дека за остварување на овие цели како јасен патоказ треба да ни бидат напорите и агендата на Европската унија како за нејзините членки, така и за земјите од Западен Балкан .
Затоа целокупните наши заложби ќе бидат преку нашите активности што е можно поефикасно да се доближат сите иницијативи на Европската унија кои што се поврзани со горе споменатите цели. Трансформацијата на енергетскиот сектор во Македонија со постепено намалување на употребата на јагленот како гориво за производство на електрична енергија, енергетската ефикасност како во домувањето, така и во целокупниот економско-индустриски сектор, екологијата и заштитата на животната средина за која не постои алтернатива на некој начин сме принудени да ги остваруваме во соработка со Европската унија, не само поради огромните капацитети кои има Европската унија туку и поради огромното искуство кое го имаат при трансформацијата која се одвива и во самите земји членки на ЕУ.

Исто така Здружението за заштита на животната средина и енергетска ефикасност ЕКО РЕСЕТ – Битола ќе биде и еден вид водич низ енергетската транзиција на македонското општество на тој начин што ќе се трудиме преку разни публикации, информации од потесното и поширокото опкружување а во врска со нашите цели на дејствување да Ви ги доближиме сите активности и добри практики кои се преземаат и кои се препорачуваат од Енергетската заедница.

На овој начин се надеваме дека барем малку ќе влијаеме како на доносителите на одлуки на државно и локално ниво што е можно посериозно да се заложат за решавање на проблемите кои произлегуваат од праведна и ефективна енергетска транзиција, заштита на животната средина, екологијата, биодиверитетот циркуларна економија, управување со отпад и сл.

Преку овој портал на здружението ќе се трудиме да ги доближиме исто така сите настани кои се организираат од страна на ЕУ и нејзините тела, агенции и сл. а преку кои може да се дојде до извори на финансирање, грантови, кредити и сл. Исто така наша цел и да ги запознаеме и компаниите со основните закоини кои се поврзани со енергетиката, заштитата на животната средина, енергетската ефикасност со цел да можат да преземаат соодветни чекори за нивно прилагодување кон законодавството на ЕУ. Исто така преку нашите студии, публикации, ќе се обидем да ги доближиме и некои напредни технологии кои ги користат компаниите во европската унија, односно преку соодветни научни трудови и анализи да се даде можеби и понекоја идеја која би им помогнала на нашите компании при планирање на нивните активности и бизнис стратегии.
